шарен
Значење на шарен:
1. Што е со различни бои, разнобоен; што има шарки на себе. Шарен фустан. Шарени стомни. Шарена шамија. Шарена одаја. Шарени прекривки. Шарени чорапи.
2. (разг.) Разнообразен, мешан, со различен состав. Комисијата има шарен состав според половата и националната структура. Оваа група е малку шарена, има деца од различна возраст и со различна способност.
3. (прен.) За маж или за жена со сомнителен морал, со распуштено однесување со премногу слободни сфаќања. Тој си е таков, шарен и непостојан. Жената е малку шарена, ама добра домаќинка.
4. (бот.) За некои мешункави растенија (грав, боранија). Шарен грав. Шарена боранија.
5. (зоол.) За животно со различни бои, со шари. Шарено теле. Шарена змија. Шарен мачор.
Членувана форма: шарениот.
Изведени зборови:
- шареност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Гледа како теле во шарена врата – сп. теле.
Оригинални податоци:
шарен, шарениот прид. 1. Што е со различни бои, разнобоен; што има шарки на себе. Шарен фустан. Шарени стомни. Шарена шамија. Шарена одаја. Шарени прекривки. Шарени чорапи. 2. (разг.) Разнообразен, мешан, со различен состав. Комисијата има шарен состав според половата и националната структура. Оваа група е малку шарена, има деца од различна возраст и со различна способност. 3. (прен.) За маж или за жена со сомнителен морал, со распуштено однесување со премногу слободни сфаќања. Тој си е таков, шарен и непостојан. Жената е малку шарена, ама добра домаќинка. 4. (бот.) За некои мешункави растенија (грав, боранија). Шарен грав. Шарена боранија. 5. (зоол.) За животно со различни бои, со шари. Шарено теле. Шарена змија. Шарен мачор. ◊ Гледа како теле во шарена врата – сп. теле. ‖ шареност ж.