шареница

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на шареница:

1. Претерано шаренило, мешаница од шаренило, пренатрупано (со бои и стилови). Шареница во облекувањето. Шареница од мебел во дневната соба.

2. (анат.) Дел од окото што го дели очното јаболко на предна очна комора и задна очна комора; ирис 1.

Оригинални податоци:

шареница (само едн.) ж. 1. Претерано шаренило, мешаница од шаренило, пренатрупано (со бои и стилови). Шареница во облекувањето. Шареница од мебел во дневната соба. 2. (анат.) Дел од окото што го дели очното јаболко на предна очна комора и задна очна комора; сп. ирис 1.