шарка 1

Именка, женски род

Значење на шарка:

1. Реска, цртка, линија, црта на некој предмет или на нешто. Шарките на ѕидот создаваат единство од топли бои. Две шарки парај – црвена и црна. Имаше една шарка на кошулата. Геометриски шарки. Авионот оставаше долга, бела шарка на небото.

2. Цртеж, украс од повеќе бои. Шарките на фустанот само ја истакнуваа нејзината убава фигура. Филџани со убави шарки.

3. (само едн.) Болест кај растенија. Пламеницата и шарката се најопасните болести кај сливата.

4. (само едн., разг.) Еден вид сипаница, ситна сипаница. Половина деца од групата ја прележаа шарката.

5. (зоол.) За животно, шарена овца, коза и сл. Од цело стадо овци имаше само две шарки.

6. (зоол.) Вид отровна змија, змија отровница; Vipera berus. Една отровна шарка им го мина патот.

Множина: шарки.

Оригинални податоци:

шарка1, мн. шарки ж. 1. Реска, цртка, линија, црта на некој предмет или на нешто. Шарките на ѕидот создаваат единство од топли бои. Две шарки парај – црвена и црна. Имаше една шарка на кошулата. Геометриски шарки. Авионот оставаше долга, бела шарка на небото. 2. Цртеж, украс од повеќе бои. Шарките на фустанот само ја истакнуваа нејзината убава фигура. Филџани со убави шарки. 3. (само едн.) Болест кај растенија. Пламеницата и шарката се најопасните болести кај сливата. 4. (само едн., разг.) Еден вид сипаница, ситна сипаница. Половина деца од групата ја прележаа шарката. 5. (зоол.) За животно, шарена овца, коза и сл. Од цело стадо овци имаше само две шарки. 6. (зоол.) Вид отровна змија, змија отровница; Vipera berus. Една отровна шарка им го мина патот.