шатор 2

Именка, машки род

Значење на шатор:

1. Подвижно времено засолниште направено од платно или од друг вид материјал што не пропушта вода прицврстен на метална или дрвена рамка. Живеалишта во шатори. Летување во шатор. Во кампот имаше дваесетина шатори.

2. Простор што времено исполнува определена потреба, еден вид голем шатор. Циркуски шатор. Болнички шатор. Свадбарски шатор.

3. чадор

Множина: шатори.

Изведени зборови:

  • шаторски, прид. шаторскиот Шаторски камп. Шаторско крило.

Оригинални податоци:

шатор2, мн. шатори м. 1. Подвижно времено засолниште направено од платно или од друг вид материјал што не пропушта вода прицврстен на метална или дрвена рамка. Живеалишта во шатори. Летување во шатор. Во кампот имаше дваесетина шатори. 2. Простор што времено исполнува определена потреба, еден вид голем шатор. Циркуски шатор. Болнички шатор. Свадбарски шатор. 3. в. чадор 1. ‖ шаторски, шаторскиот прид. Шаторски камп. Шаторско крило.