шава
Значење на шава:
1. Мрда, се движи по малку, се наоѓа во движење. Гранките шаваа на ветрот.
2. (прен.) Постојано е во движење, во некаква активност, шета. Момчето само шава низ селото.
3. (прен.) Бесмислено и лесно се впушта во некакви непримерни активности. Во брак е, има две деца и уште шава. Тие двајцата шаваат.
Коњугација: шаваат.
Изведени зборови:
- шавање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шава, шаваат несв. 1. Мрда, се движи по малку, се наоѓа во движење. Гранките шаваа на ветрот. 2. (прен.) Постојано е во движење, во некаква активност, шета. Момчето само шава низ селото. 3. (прен.) Бесмислено и лесно се впушта во некакви непримерни активности. Во брак е, има две деца и уште шава. Тие двајцата шаваат. ‖ глаг. им. шавање ср.