шеф

Именка, машки род

Значење на шеф:

1. Раководител, одговорно, раководно лице на установа, фирма, претпријатие, оддел, проект и сл. Шеф на проектот. Шеф на клиниката. Шеф на супермаркет. Шеф на ресторан.

2. началник. Шеф на полицијата.

3. премиер; претседател. Шеф на државата. Шеф на кабинетот.

4. (прен., ирон.) Лице што сака да наредува, што се поставува со своите мислења и ставови над другите, со определена одлучувачка позиција. Тој беше шеф во маалото. Мажот е шеф во нашата куќа. Тој е шеф на факултетот, неговиот глас се слуша.

Множина: шефови.

Изведени зборови:

  • шефица, и. ж. 1. сп. шеф 1, 4. 2. (разг.) Жена на шеф.
  • шефче, и. ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

шеф, мн. шефови м. 1. Раководител, одговорно, раководно лице на установа, фирма, претпријатие, оддел, проект и сл. Шеф на проектот. Шеф на клиниката. Шеф на супермаркет. Шеф на ресторан. 2. в. началник. Шеф на полицијата. 3. в. премиер; сп. претседател. Шеф на државата. Шеф на кабинетот. 4. (прен., ирон.) Лице што сака да наредува, што се поставува со своите мислења и ставови над другите, со определена одлучувачка позиција. Тој беше шеф во маалото. Мажот е шеф во нашата куќа. Тој е шеф на факултетот, неговиот глас се слуша. ‖ шефица, мн. шефици ж. 1. сп. шеф 1, 4. 2. (разг.) Жена на шеф. ‖ шефче, мн. шефчиња ср. дем. и хип.