шега
Значење на шега:
1. Смешна, хумористична кратка приказна, нешто кажано за забава, со цел да насмее, да расположи некого; досетка, виц, шака. Цела вечер кажуваше шеги за русокоси. Иронична шега. Раскажува шеги.
2. Несериозна постапка. Сето ова го кажува на шега. Потоа рече дека сѐ било шега. Глупава шега. Прави шеги. За неа ова е шега, а за мене животно прашање.
3. (прен.) Мала, ситна, лесна работа. За момчето е шега да прочита сто страници.
Множина: шеги.
Фразеолошки израз / поговорка:
Шегата настрана – сериозно кажано. Нема шега – сериозна работа, не смее да има шега. Тера шега – се потсмева со некого. Несолена шега – непристојна, незгодна шега.
Оригинални податоци:
шега, мн. шеги ж. 1. Смешна, хумористична кратка приказна, нешто кажано за забава, со цел да насмее, да расположи некого; досетка, виц, шака. Цела вечер кажуваше шеги за русокоси. Иронична шега. Раскажува шеги. 2. Несериозна постапка. Сето ова го кажува на шега. Потоа рече дека сѐ било шега. Глупава шега. Прави шеги. За неа ова е шега, а за мене животно прашање. 3. (прен.) Мала, ситна, лесна работа. За момчето е шега да прочита сто страници. ◊ Шегата настрана – сериозно кажано. Нема шега – сериозна работа, не смее да има шега. Тера шега – се потсмева со некого. Несолена шега – непристојна, незгодна шега.