шегува се

Глагол, несвршен

Значење на шегува се:

1. Кажува или прави шеги. Тој се шегуваше пред гостите и ги засмејуваше. Таа се шегуваше и постојано наздравуваше.

2. Се подбива, се потсмева со некого, прави шеги за некого. Тој се шегуваше со неа за нејзината модерна облека. Девојката го читаше писмото и се шегуваше на љубовните изјави на момчето.

3. (прен.) Не работи сериозно, не е дисциплиниран во извршувањето на некоја дејност. Тој се шегува со студирањето, цела година книга не фати. Се шегува со здравјето.

Коњугација: се шегуваат.

Изведени зборови:

  • шегување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

шегува се, се шегуваат несв. 1. Кажува или прави шеги. Тој се шегуваше пред гостите и ги засмејуваше. Таа се шегуваше и постојано наздравуваше. 2. Се подбива, се потсмева со некого, прави шеги за некого. Тој се шегуваше со неа за нејзината модерна облека. Девојката го читаше писмото и се шегуваше на љубовните изјави на момчето. 3. (прен.) Не работи сериозно, не е дисциплиниран во извршувањето на некоја дејност. Тој се шегува со студирањето, цела година книга не фати. Се шегува со здравјето. ‖ глаг. им. шегување ср.