шеик

Именка, машки род

Значење на шеик:

1. Поглавар на семејството и на секоја од општествените структури од племенската заедница, заедно со племенски совет од постарите мажи кај арапските племиња. Шеикот го собра племенскиот совет и цела ноќ се договараа.

2. Титула или форма на обраќање во арапскиот свет за изразување почит или религиозен авторитет, вклучувајќи и обраќање кон мажи над четириесетгодишна возраст. Шеикот од Мароко. Средба на шеиците од Либија.

3. шах4. Првенец во дервишкиот ред. Тие се советуваа со шеикот кој беше најстар од дервишите.

Множина: шеици.

Оригинални податоци:

шеик, мн. шеици м. 1. Поглавар на семејството и на секоја од општествените структури од племенската заедница, заедно со племенски совет од постарите мажи кај арапските племиња. Шеикот го собра племенскиот совет и цела ноќ се договараа. 2. Титула или форма на обраќање во арапскиот свет за изразување почит или религиозен авторитет, вклучувајќи и обраќање кон мажи над четириесетгодишна возраст. Шеикот од Мароко. Средба на шеиците од Либија. 3. в. шах1. 4. Првенец во дервишкиот ред. Тие се советуваа со шеикот кој беше најстар од дервишите.