шеќер

Именка, машки род

Значење на шеќер:

1. (хем.) Соединение, јагленохидрат добиен од гликоза и фруктоза, дисахарид, лесно се топи во вода, со сладок вкус, се наоѓа во растенијата и се користи во исхраната.

2. (само едн.) Производ добиен со преработка на шеќерна трска, шеќерна репка и сл. кој служи во исхраната за сладење, со сладок вкус; сахароза. Бел шеќер. Лажичка шеќер. Темен шеќер. Шеќер во коцки. Шеќер во прав. Кристален шеќер. Овошен шеќер. Гроздов шеќер. Кафето го пие со две коцки шеќер.

3. (прен.) Нагалено мил, драг, сакан, сладок. Шеќеру мој! Шеќер, седни до мене!

Множина: шеќери.

Фразеолошки израз / поговорка:

Шеќерна болест – дијабетес. Оди како шеќер – лесно се продава. Шеќер муабет – пријатен разговор. Не си од шеќер правен/а – не плаши се од дождот, нема да се растопиш, не е страшно. Како од шеќер правен – нежен, неотпорен. Се топи како шеќер – се разнежни, стане чувствителен. Што ќе речеш стипса, речи шеќер – сп. стипса.

Оригинални податоци:

шеќер, мн. шеќери м. 1. (хем.) Соединение, јагленохидрат добиен од гликоза и фруктоза, дисахарид, лесно се топи во вода, со сладок вкус, се наоѓа во растенијата и се користи во исхраната. 2. (само едн.) Производ добиен со преработка на шеќерна трска, шеќерна репка и сл. кој служи во исхраната за сладење, со сладок вкус; сп. сахароза. Бел шеќер. Лажичка шеќер. Темен шеќер. Шеќер во коцки. Шеќер во прав. Кристален шеќер. Овошен шеќер. Гроздов шеќер. Кафето го пие со две коцки шеќер. 3. (прен.) Нагалено мил, драг, сакан, сладок. Шеќеру мој! Шеќер, седни до мене! ◊ Шеќерна болест – дијабетес. Оди како шеќер – лесно се продава. Шеќер муабет – пријатен разговор. Не си од шеќер правен/а – не плаши се од дождот, нема да се растопиш, не е страшно. Како од шеќер правен – нежен, неотпорен. Се топи како шеќер – се разнежни, стане чувствителен. Што ќе речеш стипса, речи шеќер – сп. стипса.