шербет

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на шербет:

1. Густо растопен шеќер со малку вода што се користи за подготвување слатко или за полевање на некои ориентални слатки (баклава, раванија, тулумби и сл.). Студеното тесто се полева со врел шербет. Овошјето го стави во шербетот да се вари.

2. Ориентален пијалак направен од шеќер со вода или од растопен мед и додатоци. Таа испи една чаша шербет за да се смири. Се напи шербет во чест на султанот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Шербет од устата ѝ тече – многу е добра, убаво зборува. Шербет муабет – пријатен разговор.

Оригинални податоци:

шербет, (само едн.) м. 1. Густо растопен шеќер со малку вода што се користи за подготвување слатко или за полевање на некои ориентални слатки (баклава, раванија, тулумби и сл.). Студеното тесто се полева со врел шербет. Овошјето го стави во шербетот да се вари. 2. Ориентален пијалак направен од шеќер со вода или од растопен мед и додатоци. Таа испи една чаша шербет за да се смири. Се напи шербет во чест на султанот. ◊ Шербет од устата ѝ тече – многу е добра, убаво зборува. Шербет муабет – пријатен разговор.