шеријат
Само во еднина.
Значење на шеријат:
Збир од четири начела што го означуваат вистинскиот пат како треба да се постапува во општествениот, семејниот и верскиот живот кај муслиманите, прописи од верското и световното право во исламот. Сите муслимани треба да се однесуваат според шеријатот. Тој го искористи правото од шеријатот да има четири жени.Членувана форма: шеријатот.
Изведени зборови:
- шеријатски, прид. шеријатскиот Шеријатско право.
Оригинални податоци:
шеријат, шеријатот (само едн.) м. Збир од четири начела што го означуваат вистинскиот пат како треба да се постапува во општествениот, семејниот и верскиот живот кај муслиманите, прописи од верското и световното право во исламот. Сите муслимани треба да се однесуваат според шеријатот. Тој го искористи правото од шеријатот да има четири жени. ‖ шеријатски, шеријатскиот прид. Шеријатско право.