шета
Значење на шета:
1. Прави прошетка, посета; се разонодува со движење; се движи рекреативно. Таа шета по градината со часови. Тие шетаат низ паркот секоја вечер.
2. Оди од место на место, по разни места, разгледува со движење. Комисијата шеташе по куќите. Трговците шетаа по Беровско за откуп на овци. Тој шета низ светот, шета низ познатите градови.
3. Се движи наваму-натаму, оди во различни правци. Учителот шеташе низ училницата. Таа нервозно шеташе низ собата.
4. За подвижен дел од машина, механизам и сл.; неправилно се движи, се врти, отстапува од нормалното. Тркалото од возилото шеташе горе-долу.
5. Води некого на прошетка. Таа ги шета децата во паркот. Тој ја шеташе со кајчето по езерото. Таа го шеташе момчето по роднини.
6. Носи, води некого од едно место на друго. Тој го шета кучето секаде каде што патува. Овчарите ги шетаа овците од пасиште на пасиште.
7. Посети, со движење запознае, види, разгледува. Стамбол го шетав трипати. Двапати ја шеташе Америка. Секоја вечер ја шеташе чаршијата.
8. (прен.) Се пренесува, се движи со пренесување. Фустанот шеташе од девојка на девојка. Филџанот шеташе од рака на рака.
Коњугација: шетаат.
Изведени зборови:
- се ~ шета, Се движи со цел за одмор, за разонода, кон зн. 1. Таа секоја вечер се шета низ паркот. Тој се шеташе со другарите низ шумата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Умот му шета – несериозен е, не мисли, не е одговорен. Очите му шетаат – итар е, ѓаволест, неверен. Тој (таа) малку си шета – оди по други, неверен/а е.
Оригинални податоци:
шета, шетаат несв. 1. Прави прошетка, посета; се разонодува со движење; се движи рекреативно. Таа шета по градината со часови. Тие шетаат низ паркот секоја вечер. 2. Оди од место на место, по разни места, разгледува со движење. Комисијата шеташе по куќите. Трговците шетаа по Беровско за откуп на овци. Тој шета низ светот, шета низ познатите градови. 3. Се движи наваму-натаму, оди во различни правци. Учителот шеташе низ училницата. Таа нервозно шеташе низ собата. 4. За подвижен дел од машина, механизам и сл.; неправилно се движи, се врти, отстапува од нормалното. Тркалото од возилото шеташе горе-долу. 5. Води некого на прошетка. Таа ги шета децата во паркот. Тој ја шеташе со кајчето по езерото. Таа го шеташе момчето по роднини. 6. Носи, води некого од едно место на друго. Тој го шета кучето секаде каде што патува. Овчарите ги шетаа овците од пасиште на пасиште. 7. Посети, со движење запознае, види, разгледува. Стамбол го шетав трипати. Двапати ја шеташе Америка. Секоја вечер ја шеташе чаршијата. 8. (прен.) Се пренесува, се движи со пренесување. Фустанот шеташе од девојка на девојка. Филџанот шеташе од рака на рака. ● се ~ Се движи со цел за одмор, за разонода, кон зн. 1. Таа секоја вечер се шета низ паркот. Тој се шеташе со другарите низ шумата. ◊ Умот му шета – несериозен е, не мисли, не е одговорен. Очите му шетаат – итар е, ѓаволест, неверен. Тој (таа) малку си шета – оди по други, неверен/а е.