шие
Значење на шие:
1. Соединува, прикрепува нешто со помош на игла и конец, рачно или со машина за шиење. Таа ги шиеше копчињата на кошулата. Веќе неколку пати ја шиеше поставата на здолништето.
2. Изработува, прави со шиење. Тие шијат постелнини. Во фабриката шиеја само женска облека.
3. Му се изработува, му се прави некому нешто со шиење. Таа го шиеше невестинскиот фустан кај една позната шивачка. Тој шие костум во еден скопски бутик.
4. (разг.) Надмоќен, подобар е во нешто, ги надминува другите. Во пеењето таа ги шие сите. Тој ги шие сите во трчање.
Коњугација: (ќе) шиев , (ќе) шиеја , (ќе) шиел , ши , шив , шиев , шиеја , шиејќи , шиел , шиен , шиј , шија , шијат , шијте , шил.
Изведени зборови:
- шиење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шие, шијат; шиј, шијте; шиев, шиеја; шиел; шиен; (ќе) шиев, (ќе) шиеја; (ќе) шиел; шиејќи; шив, ши, шија; шил несв. 1. Соединува, прикрепува нешто со помош на игла и конец, рачно или со машина за шиење. Таа ги шиеше копчињата на кошулата. Веќе неколку пати ја шиеше поставата на здолништето. 2. Изработува, прави со шиење. Тие шијат постелнини. Во фабриката шиеја само женска облека. 3. Му се изработува, му се прави некому нешто со шиење. Таа го шиеше невестинскиот фустан кај една позната шивачка. Тој шие костум во еден скопски бутик. 4. (разг.) Надмоќен, подобар е во нешто, ги надминува другите. Во пеењето таа ги шие сите. Тој ги шие сите во трчање. ‖ глаг. им. шиење ср.