шифон

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на шифон:

Вид ткаенина, фино изработена свила или вештачки производ од памучни и синтетички влакна што наликува на неа. Првокласен шифон. Фустан од шифон.

Изведени зборови:

  • шифонски, прид. шифонскиот Шифонски фустан. Шифонско шамивче. Шифонско здолниште.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се цепи (пара) како шифонски гаќи – 1. лесно се цепи, пара, кине. 2. се смее многу.

Оригинални податоци:

шифон (само едн.) м. Вид ткаенина, фино изработена свила или вештачки производ од памучни и синтетички влакна што наликува на неа. Првокласен шифон. Фустан од шифон. ‖ шифонски, шифонскиот прид. Шифонски фустан. Шифонско шамивче. Шифонско здолниште. ◊ Се цепи (пара) како шифонски гаќи – 1. лесно се цепи, пара, кине. 2. се смее многу.