шифра

Именка, женски род

Значење на шифра:

1. Избрани, определени, договорени знаци кои ги заменуваат општопознатите за да се заштити нешто и за да се употребува од избран број луѓе. Писмото беше напишано со шифри. Систем од броеви и шифри.

2. Ознака која се употребува за да се заштити анонимноста и со која се упатува кон вистинската идентификација. Ракописите се испраќаа со шифра. Тајни шифри. Пратка со шифра. Пробиена шифра.

Множина: шифри.

Оригинални податоци:

шифра, мн. шифри ж. 1. Избрани, определени, договорени знаци кои ги заменуваат општопознатите за да се заштити нешто и за да се употребува од избран број луѓе. Писмото беше напишано со шифри. Систем од броеви и шифри. 2. Ознака која се употребува за да се заштити анонимноста и со која се упатува кон вистинската идентификација. Ракописите се испраќаа со шифра. Тајни шифри. Пратка со шифра. Пробиена шифра.