шик 2
Неменлив.
Значење на шик:
1. м. Елеганција, елегантност. Без шик и без стил нема напредување во модната индустрија. На прославата имаше блесок и шик.
2. прид. Модерен, допадлив, со развиено чувство за соодветно облекување што остава впечаток на околината. Таа е шик дама. Шик девојка. Шик песна. Шик боја.
3. прил. Елегантно, модерно. Тој се носи, се облекува шик.
Оригинални податоци:
шик2 (немен.) 1. м. Елеганција, елегантност. Без шик и без стил нема напредување во модната индустрија. На прославата имаше блесок и шик. 2. прид. Модерен, допадлив, со развиено чувство за соодветно облекување што остава впечаток на околината. Таа е шик дама. Шик девојка. Шик песна. Шик боја. 3. прил. Елегантно, модерно. Тој се носи, се облекува шик.