шилец

Именка, машки род

Значење на шилец:

1. Изострен, остар врв на некој предмет или самиот предмет; буцкало_1, шило. Истапен шилец. Опасен шилец на врвот од столбот. Метален шилец. Шилец на молив.

2. (прен.) За човек – што се пробива, се меша секаде, проникнува во секакви ситуации, буцкало_2. Шилец е тој, сегде ќе се бутне.

3. (прен.) (само во множина) Народен израз за наслојки од калциум меѓу зглобовите. Во десното колено имаше шилци. Шилци во зглобот.

Множина: шилци.

Изведени зборови:

  • шилце, и. ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

шилец, мн. шилци м. 1. Изострен, остар врв на некој предмет или самиот предмет; сп. буцкало 1, шило. Истапен шилец. Опасен шилец на врвот од столбот. Метален шилец. Шилец на молив. 2. (прен.) За човек – што се пробива, се меша секаде, проникнува во секакви ситуации, в. буцкало 2. Шилец е тој, сегде ќе се бутне. 3. (прен.) само во мн. Народен израз за наслојки од калциум меѓу зглобовите. Во десното колено имаше шилци. Шилци во зглобот. ‖ шилце, мн. шилциња ср. дем. и хип.