шило
Значење на шило:
1. Метална или дрвена прачка со шилец на врвот и со дршка од другата страна што служи за длабење, за правење дупки при обработка на кожа и др. Чевларот имаше една кутија полна со различни шила. Правеше дупки на кожата со едно остро шило.
2. (прен.) За човек – се бутка, се вовира секаде, шилец 3. Тој е вистинско шило.
Множина: шила.
Изведени зборови:
- шилче, и. ср. дем. и хип.
Оригинални податоци:
шило, мн. шила ср. 1. Метална или дрвена прачка со шилец на врвот и со дршка од другата страна што служи за длабење, за правење дупки при обработка на кожа и др. Чевларот имаше една кутија полна со различни шила. Правеше дупки на кожата со едно остро шило. 2. (прен.) За човек – се бутка, се вовира секаде, сп. шилец 3. Тој е вистинско шило. ‖ шилче, мн. шилчиња ср. дем. и хип.