шине

Глагол, свршен

Значење на шине:

Истегне, повреди, свитка, измести од нормална положба дел од човечкото тело. Тој го шинал коленото. Таа си ја шинала ногата. Си ја шинав половината.

Коњугација: (ќе) шинеа , (ќе) шинев , шинаа , шинав , шинал , шинат , шинат , шинел, шинете , шини .

Изведени зборови:

  • се ~ шине, 1. Си нанесе телесна повреда со истегнување, со свиткување. Тој се шина во десната нога. Таа се шина во раката. Кога играв фудбал, ми се шина ногата. 2. (прен., ирон.) За човек – не работи, мрзлив е, се преправа дека работи. Таа се шинала од работа. Тој се шинал од денгубење и од спиење.
  • (се) шинува, глаг. повт. (се) шинуваат
  • шинување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Шине врат по некого – премногу се загледа, се занесе во некого.

Оригинални податоци:

шине, шинат; шини, шинете; шинав, шинаа; шинал; шинат; (ќе) шинев, (ќе) шинеа; шинел св. Истегне, повреди, свитка, измести од нормална положба дел од човечкото тело. Тој го шинал коленото. Таа си ја шинала ногата. Си ја шинав половината. ● се ~ 1. Си нанесе телесна повреда со истегнување, со свиткување. Тој се шина во десната нога. Таа се шина во раката. Кога играв фудбал, ми се шина ногата. 2. (прен., ирон.) За човек – не работи, мрзлив е, се преправа дека работи. Таа се шинала од работа. Тој се шинал од денгубење и од спиење. ◊ Шине врат по некого – премногу се загледа, се занесе во некого. ‖ (се) шинува, (се) шинуваат повт. ‖ глаг. им. шинување ср.