шипка 1

Именка, женски род

Значење на шипка:

1. Растение во вид на грмушка, дива роза; Rosa canina, шип_1, шипинка_2. Шипката расте до 3 метри. Шипките беа расцветани.

2. Плод од тоа растение, се употребува за чај, мармалад и во козметичката индустрија; шипинка Мармалад од шипки. Чај од шипки. Зрели шипки.

3. (прен., разг.) Ништо, нема, обично мн.; шипинка_3. Е, шипки ќе дојдам. Доби шипки.

4. шипинка 4.

Множина: шипки.

Оригинални податоци:

шипка1, мн. шипки ж. 1. Растение во вид на грмушка, дива роза; Rosa canina, сп. шип 1, шипинка 2. Шипката расте до 3 метри. Шипките беа расцветани. 2. Плод од тоа растение, се употребува за чај, мармалад и во козметичката индустрија; сп. шипинка 1. Мармалад од шипки. Чај од шипки. Зрели шипки. 3. (прен., разг.) Ништо, нема, обично мн.; сп. шипинка 3. Е, шипки ќе дојдам. Доби шипки. 4. в. шипинка 4.