шири
Значење на шири:
1. Прави да стане нешто широко, проширува. Секоја година ја шири нивата, орајќи по еден метар повеќе. Тие ја ширеа куќата од предната страна.
2. Раширува, отвора широко, раствора. Таа ја ширеше торбата за да ги стави крушите. Детето ги ширеше рацете. Таа ги ширеше очите за да ја види подобро. Птицата шири крилја да летне.
3. Протегне, простре, спружи. Тој го ширеше ќебето на плотот за да се исуши побргу.
4. Распространува сопствено влијание, засили. Агенцијата го шири своето дејство и во руралните средини. Тие го ширеа своето влијание врз младите.
5. (прен.) Разнесува, распространува, прави нешто во поголеми размери. Солунските браќа ја ширеле словенската писменост. Птиците го шират грипот.
6. (прен.) Испушта од себе (не)пријатна миризба, здив. Расцутените цвеќиња ширеа прекрасен мирис. Скапаното овошје ширеше непријатна миризба низ улицата.
Коњугација: шират.
Изведени зборови:
- се ~ шири, 1. Стане поширок. Кожените чевли се шират од носење. Овој материјал при перење се шири. 2. Се отвора широко, се раширува. Зениците му се ширеа од возбуда. 3. Се простира, се протега. Крај реката се ширеа бескрајни ливади. 4. (прен.) Се разнесува, се распространува. Новата мода бргу се ширеше меѓу младите. Епидемијата бргу се шири. Во куќата се ширеше звук од виолина. 5. (прен.) Располага со поголем простор од потребниот, се чувствува комотен. Таа се ширеше на креветот. Тој се ширеше во огромната куќа со убава градина. 6. Струи (не)пријатна миризба. Надвор се ширеше мирис на изгорено. Во собата се ширеше мирис на зумбули.
- ширење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шири, шират несв. 1. Прави да стане нешто широко, проширува. Секоја година ја шири нивата, орајќи по еден метар повеќе. Тие ја ширеа куќата од предната страна. 2. Раширува, отвора широко, раствора. Таа ја ширеше торбата за да ги стави крушите. Детето ги ширеше рацете. Таа ги ширеше очите за да ја види подобро. Птицата шири крилја да летне. 3. Протегне, простре, спружи. Тој го ширеше ќебето на плотот за да се исуши побргу. 4. Распространува сопствено влијание, засили. Агенцијата го шири своето дејство и во руралните средини. Тие го ширеа своето влијание врз младите. 5. (прен.) Разнесува, распространува, прави нешто во поголеми размери. Солунските браќа ја ширеле словенската писменост. Птиците го шират грипот. 6. (прен.) Испушта од себе (не)пријатна миризба, здив. Расцутените цвеќиња ширеа прекрасен мирис. Скапаното овошје ширеше непријатна миризба низ улицата. ● се ~ 1. Стане поширок. Кожените чевли се шират од носење. Овој материјал при перење се шири. 2. Се отвора широко, се раширува. Зениците му се ширеа од возбуда. 3. Се простира, се протега. Крај реката се ширеа бескрајни ливади. 4. (прен.) Се разнесува, се распространува. Новата мода бргу се ширеше меѓу младите. Епидемијата бргу се шири. Во куќата се ширеше звук од виолина. 5. (прен.) Располага со поголем простор од потребниот, се чувствува комотен. Таа се ширеше на креветот. Тој се ширеше во огромната куќа со убава градина. 6. Струи (не)пријатна миризба. Надвор се ширеше мирис на изгорено. Во собата се ширеше мирис на зумбули. ‖ глаг. им. ширење ср.