ширина
Види: широчина.
Значење на ширина:
1. а) Напречен размер на површина или на зафатнина на нешто; хоризонтална димензија, хоризонтално растојание меѓу две определени точки; должина. Ширината на игралиштето е соодветна на определените мерки. Ширината на ушите се мери со специјална направа. б) Големина на тој размер изразена во мерни единици. Градината има 35 метри ширина. Патот е широк шест метри.
2. За облека, садови, внатрешност на сместилиште и сл. Ширината на теглата дозволува да се редат пиперките убаво. Ова здолниште има голема ширина. Ракавите имаат поголема ширина на крајот. Во куќата има ширина две семејства да живеат.
3. (геогр.) Растојание од една определена точка на земјината површина до еквадорот, изразено во степени. Географска ширина.
4. Простор, пространство, отворено рамно место. Собирот се одржува на една ширина надвор од селото. Зад куќата имаше ширина за убава градина. Водена ширина.
5. (прен.) Замав, распространетост, голем опфат. Неговите идеи имаа голема ширина. Сега веќе болеста има таква ширина што прераснува во епидемија.
6. (прен.) Толеранција, отвореност. Тој има таква ширина што ги поднесува сите нивни шеги. Таа е ретка жена со голема ширина за сиромашните.
Множина: ширини.
Изведени зборови:
- ширинка, и. ж. дем. од ширина 4. Тие играа на една ширинка.
- ширински, прид. ширинскиот Што се однесува на ширина 1, 2 и 5; сп. широчински. Ширинска мера. Ширински степен.
Оригинални податоци:
ширина, мн. ширини ж. в. широчина 1. а) Напречен размер на површина или на зафатнина на нешто; хоризонтална димензија, хоризонтално растојание меѓу две определени точки; спрот. должина. Ширината на игралиштето е соодветна на определените мерки. Ширината на ушите се мери со специјална направа. б) Големина на тој размер изразена во мерни единици. Градината има 35 метри ширина. Патот е широк шест метри. 2. За облека, садови, внатрешност на сместилиште и сл. Ширината на теглата дозволува да се редат пиперките убаво. Ова здолниште има голема ширина. Ракавите имаат поголема ширина на крајот. Во куќата има ширина две семејства да живеат. 3. (геогр.) Растојание од една определена точка на земјината површина до еквадорот, изразено во степени. Географска ширина. 4. Простор, пространство, отворено рамно место. Собирот се одржува на една ширина надвор од селото. Зад куќата имаше ширина за убава градина. Водена ширина. 5. (прен.) Замав, распространетост, голем опфат. Неговите идеи имаа голема ширина. Сега веќе болеста има таква ширина што прераснува во епидемија. 6. (прен.) Толеранција, отвореност. Тој има таква ширина што ги поднесува сите нивни шеги. Таа е ретка жена со голема ширина за сиромашните. ‖ ширинка, мн. ширинки ж. дем. од ширина 4. Тие играа на една ширинка. ‖ ширински, ширинскиот прид. Што се однесува на ширина 1, 2 и 5; сп. широчински. Ширинска мера. Ширински степен.