широк

Придавка

Значење на широк:

1. Што има голем напречен размер, голема ширина. Широк кревет. Широки улици. Широка порта. Широка дланка. Широка фотелја.

2. Што има определена хоризонтална димензија изразена со мерка. Широк 2 метра. Таблата е широка 1,5 м.

3. Простран, што има големи размери, што се протега надалеку, што е со голем опфат. Широк конак. Широка бина. Широко поле. Широка ливада.

4. Поголем отколку што е нужно, со поголем обем од потребното; од тесен. Широк фустан. Широки панталони. Широка облека.

5. (грам.) Самогласка со карактеристичен изговор со нагласен отвор на устата. Широко а.

6. (прен.) Што опфаќа нешто во поголем размер, исцрпен, сеопфатен, опширен. Широки знаења. Широк спектар од можности. Широка дискусија. Широк поим. Широка област.

7. (прен.) Нагласен, голем, отворен. Широки зеници. Широка насмевка.

8. Што опфаќа голем простор или места, луѓе, дејности; масовен, сеопшт. Широк круг од пријатели. Широки народни маси. Широка мрежа на пазарот. Широка потрошувачка.

9. Што е неограничен во опфатот. Широк гест. Широка употреба. Широка намена.

10. Великодушен, широкоград, либерален, неограничен, толерантен, трпелив. Широка рака. Широка душа.

Членувана форма: широкиот.

Изведени зборови:

  • широко, прил. Гледа широко на проблемот. Тие изрази се распространети широко.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зборува на долго и на широко – многу развлекува, раскажува до ситници. Врата широко отворена – слободен пристап кон нешто; некој е добредојден. Очи широко отворени – да се има претпазливост, да се внимава. Широко му е околу вратот – живее безгрижно, комотно. Срцето му е широко – толерантен, човекољубец.

Оригинални податоци:

широк, широкиот прид. 1. Што има голем напречен размер, голема ширина. Широк кревет. Широки улици. Широка порта. Широка дланка. Широка фотелја. 2. Што има определена хоризонтална димензија изразена со мерка. Широк 2 метра. Таблата е широка 1,5 м. 3. Простран, што има големи размери, што се протега надалеку, што е со голем опфат. Широк конак. Широка бина. Широко поле. Широка ливада. 4. Поголем отколку што е нужно, со поголем обем од потребното; спрот. од тесен. Широк фустан. Широки панталони. Широка облека. 5. (грам.) Самогласка со карактеристичен изговор со нагласен отвор на устата. Широко а. 6. (прен.) Што опфаќа нешто во поголем размер, исцрпен, сеопфатен, опширен. Широки знаења. Широк спектар од можности. Широка дискусија. Широк поим. Широка област. 7. (прен.) Нагласен, голем, отворен. Широки зеници. Широка насмевка. 8. Што опфаќа голем простор или места, луѓе, дејности; масовен, сеопшт. Широк круг од пријатели. Широки народни маси. Широка мрежа на пазарот. Широка потрошувачка. 9. Што е неограничен во опфатот. Широк гест. Широка употреба. Широка намена. 10. Великодушен, широкоград, либерален, неограничен, толерантен, трпелив. Широка рака. Широка душа. ‖ широко прил. Гледа широко на проблемот. Тие изрази се распространети широко. <> Зборува на долго и на широко – многу развлекува, раскажува до ситници. Врата широко отворена – слободен пристап кон нешто; некој е добредојден. Очи широко отворени – да се има претпазливост, да се внимава. Широко му е околу вратот – живее безгрижно, комотно. Срцето му е широко – толерантен, човекољубец.