шишка 2
Нестандарден збор.
Обично во множина.
Значење на шишка:
Перче коса или кадра, локна пуштена над челото, пократки прамени коса што паѓаат врз челото и покриваат дел од него; Напред пуштил залижана шишка. Една шишка му паѓаше над очите. Долги шишки. Раздвоени шишки. Долги шишки на десната страна над челото. Шишките ѝ ги покриваа убавите очи.Множина: шишки.
Оригинални податоци:
шишка2, обично во мн. шишки ж. (нестанд.) Перче коса или кадра, локна пуштена над челото, пократки прамени коса што паѓаат врз челото и покриваат дел од него; в. кркми1. Напред пуштил залижана шишка. Една шишка му паѓаше над очите. Долги шишки. Раздвоени шишки. Долги шишки на десната страна над челото. Шишките ѝ ги покриваа убавите очи.