шишти

Глагол, несвршен

Значење на шишти:

1. За одделни животни, обично влекачи, змии и сл. – испушта придушен звук. Во грмушките шишти змија. Шиштат змии насекаде.

2. За апарат во електроника и сл. – испушта придушен, пискав звук. Шишти тенџерето за млеко. Шиштат цевките на парното греење. Локомотивата шишти и секој миг се очекува пискав свиреж.

3. (прен.) Испушта специфичен звук. а) За ветер. Ветерот шишти, пишти, носи сѐ пред себе. б) За човек. Тој само шишти низ забите и се воздржува.

Коњугација: шиштат.

Изведени зборови:

  • шиштење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

шишти, шиштат несв. 1. За одделни животни, обично влекачи, змии и сл. – испушта придушен звук. Во грмушките шишти змија. Шиштат змии насекаде. 2. За апарат во електроника и сл. – испушта придушен, пискав звук. Шишти тенџерето за млеко. Шиштат цевките на парното греење. Локомотивата шишти и секој миг се очекува пискав свиреж. 3. (прен.) Испушта специфичен звук. а) За ветер. Ветерот шишти, пишти, носи сѐ пред себе. б) За човек. Тој само шишти низ забите и се воздржува. ‖ глаг. им. шиштење ср.