школа

Именка, женски род

Значење на школа:

1. а) Образовна установа каде што се учи, училиште, место каде што се добива знаење; почесто за определени вештини, специјализирано училиште. Школа за странски јазици. Школа за танц. Школа за боречки вештини. Балетска школа. Школа за млади лидери. Школа за односи со јавноста. б) Училишна обука поврзана со определен степен на образование, училиште. Виша школа. Висока школа.

2. Зграда во која се одвива дејноста на такви установи. Школата е сместена во центарот на градот. Школата е изградена по земјотресот. Школата е на три ката.

3. Наставниците и учениците коишто ја посетуваат установата. Целата школа дојде на приредбата.

4. Учебник со нотни вежби. Школа за флејта.

5. Востановен, одделен правец, учење во науката, уметноста и следбениците на тоа учење. Приврзаници на филозофската школа. Женевска школа. Прашка школа.

6. (прен.) Знаење што е добиено со определено искуство од некаква дејност. Таа школа скапо ја плативме. Школа на животот. Тој помина една улична школа.

Множина: школи.

Оригинални податоци:

школа, мн. школи ж. 1. а) Образовна установа каде што се учи, училиште, место каде што се добива знаење; почесто за определени вештини, специјализирано училиште. Школа за странски јазици. Школа за танц. Школа за боречки вештини. Балетска школа. Школа за млади лидери. Школа за односи со јавноста. б) Училишна обука поврзана со определен степен на образование, сп. училиште. Виша школа. Висока школа. 2. Зграда во која се одвива дејноста на такви установи. Школата е сместена во центарот на градот. Школата е изградена по земјотресот. Школата е на три ката. 3. Наставниците и учениците коишто ја посетуваат установата. Целата школа дојде на приредбата. 4. Учебник со нотни вежби. Школа за флејта. 5. Востановен, одделен правец, учење во науката, уметноста и следбениците на тоа учење. Приврзаници на филозофската школа. Женевска школа. Прашка школа. 6. (прен.) Знаење што е добиено со определено искуство од некаква дејност. Таа школа скапо ја плативме. Школа на животот. Тој помина една улична школа.