школски
Значење на школски:
1. Што се однесува, што припаѓа на школа; училиштен. Школска година. Школски двор. Школска зграда. Школска табла. Школско ѕвонче.
2. Што е во основата карактеристично, што се применува во школата, што е според нормите што ги определила школата. Школска дисциплина. Школска изведба. Школски пример. Школска дефиниција. Школска граматика. Школски потреби.
3. (разг.) Како им. Другар, соученик. Вечерта се сретнав со школскиот. Тој ми е школски.
Членувана форма: школскиот.
Изведени зборови:
- школски, прил. Работи нешто по строги норми и правила според определена обука. Вози школски. Пее школски.
Оригинални податоци:
школски, школскиот прид. 1. Што се однесува, што припаѓа на школа; училиштен. Школска година. Школски двор. Школска зграда. Школска табла. Школско ѕвонче. 2. Што е во основата карактеристично, што се применува во школата, што е според нормите што ги определила школата. Школска дисциплина. Школска изведба. Школски пример. Школска дефиниција. Школска граматика. Школски потреби. 3. (разг.) Како им. Другар, соученик. Вечерта се сретнав со школскиот. Тој ми е школски. ‖ школски прил. Работи нешто по строги норми и правила според определена обука. Вози школски. Пее школски.