шлаг

Именка, машки род

Значење на шлаг:

Цврст, сладок крем од добро изматено масло од млеко што се употребува за торти и за слатки, обично се става на крајот и како декорација. Колачиња украсени со шлаг. Кафе со шлаг. Цврсто изматен шлаг. Колачињата имаат два шлага.

Множина: шлага, шлагови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Шлагот на тортата – 1. убава завршница на некоја работа. 2. претерување во нешто, преминување на основните принципи и правила.

Оригинални податоци:

шлаг, мн. шлагови, избр. мн. шлага м. Цврст, сладок крем од добро изматено масло од млеко што се употребува за торти и за слатки, обично се става на крајот и како декорација. Колачиња украсени со шлаг. Кафе со шлаг. Цврсто изматен шлаг. Колачињата имаат два шлага. ◊ Шлагот на тортата – 1. убава завршница на некоја работа. 2. претерување во нешто, преминување на основните принципи и правила.