шлапне
Значење на шлапне:
1. Невнимателно згази во кал, вода, мек снег. Јас шлапнав во еден вир и се наводенив.
2. Направи шум при јадење гласно, несмасно џвакне. Тој шлапна два-три пати со устата и одвај голтна.
3. Удри со дланките. Таа ќе шлапне со рацете и сака веднаш да ја послушаат.
Коњугација: (ќе) шлапнеа , (ќе) шлапнев , (ќе) шлапнел, шлапнаа , шлапнав , шлапнал , шлапнат , шлапнат , шлапнете , шлапни .
Изведени зборови:
- се ~ шлапне, 1. Завлезе во кал, вир и сл. Повторно ќе се шлапнат во калта. 3. Се удри со дланките, со рацете. Тој се шлапна по лицето за да се освести.
- (се) шлапнува, глаг. повт. (се) шлапнуваат
- шлапнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шлапне, шлапнат; шлапни, шлапнете; шлапнав, шлапнаа; шлапнал; шлапнат; (ќе) шлапнев, (ќе) шлапнеа; (ќе) шлапнел св. 1. Невнимателно згази во кал, вода, мек снег. Јас шлапнав во еден вир и се наводенив. 2. Направи шум при јадење гласно, несмасно џвакне. Тој шлапна два-три пати со устата и одвај голтна. 3. Удри со дланките. Таа ќе шлапне со рацете и сака веднаш да ја послушаат. ● се ~ 1. Завлезе во кал, вир и сл. Повторно ќе се шлапнат во калта. 3. Се удри со дланките, со рацете. Тој се шлапна по лицето за да се освести. ‖ (се) шлапнува, (се) шлапнуваат повт. ‖ глаг. им. шлапнување ср.