шминка
Значење на шминка:
1. Козметички, декоративни средства што се нанесуваат на лицето и на телото за разубавување. Шминка за очи. Светкава шминка. Модерна шминка. Чанта полна со шминки.
2. Маска, лик направен со помош на козметички средства за да се подготват глумците за определена улога во театарската и во филмската уметност. Доби награда за шнинката на споредната улога. Глумците имаа интересни шминки.
3. (прен., разг.) Прикриен надворешен изглед за да се добие впечаток спротивен од вистинскиот. Неговото однесување е само добра шминка.
Множина: шминки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Удри шминка – затскрие нешто, направи да не се забележат недостатоците.
Оригинални податоци:
шминка, мн. шминки ж. 1. Козметички, декоративни средства што се нанесуваат на лицето и на телото за разубавување. Шминка за очи. Светкава шминка. Модерна шминка. Чанта полна со шминки. 2. Маска, лик направен со помош на козметички средства за да се подготват глумците за определена улога во театарската и во филмската уметност. Доби награда за шнинката на споредната улога. Глумците имаа интересни шминки. 3. (прен., разг.) Прикриен надворешен изглед за да се добие впечаток спротивен од вистинскиот. Неговото однесување е само добра шминка. ◊ Удри шминка – затскрие нешто, направи да не се забележат недостатоците.