шминкер
Значење на шминкер:
1. Тој што се занимава со шминкање како професија. Во студиото има неколку шминкери.
2. (прен.) Лице што се дотерува, што внимава премногу на сопствениот надворешен изглед. Тој беше меѓу познатите градски шминкери. Во мода беа шминкерите и панкерите.
Множина: шминкери.
Изведени зборови:
- шминкерка, и. ж.
- шминкерски, прид. шминкерскиот Шминкерски салон.
Оригинални податоци:
шминкер, мн. шминкери м. 1. Тој што се занимава со шминкање како професија. Во студиото има неколку шминкери. 2. (прен.) Лице што се дотерува, што внимава премногу на сопствениот надворешен изглед. Тој беше меѓу познатите градски шминкери. Во мода беа шминкерите и панкерите. ‖ шминкерка, мн. шминкерки ж. ‖ шминкерски, шминкерскиот прид. Шминкерски салон.