шмрка

Глагол, несвршен

Значење на шмрка:

1. Шумно вовлекува низ носот нешто, ситни честички од некоја супстанција, материја, течност (лек, бурмут, дрога и сл.). Тој секој ден шмрка бурмут. Никој не знаеше дека шмрка бел прав. Таа шмркаше и кашлаше. Се расплака и почна да шмрка.

2. Голта создавајќи звуци во устата. Шмркаше од кафето и зборуваше гласно. Додека јаде, шмрка гласно.

3. Црпи, пумпа, влече, трга. Работниците ја шмркаа водата од јамата. Тие со моторни пумпи ја шмркаа нафтата.

Коњугација: шмркаат.

Изведени зборови:

  • шмркање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

шмрка, шмркаат несв. 1. Шумно вовлекува низ носот нешто, ситни честички од некоја супстанција, материја, течност (лек, бурмут, дрога и сл.). Тој секој ден шмрка бурмут. Никој не знаеше дека шмрка бел прав. Таа шмркаше и кашлаше. Се расплака и почна да шмрка. 2. Голта создавајќи звуци во устата. Шмркаше од кафето и зборуваше гласно. Додека јаде, шмрка гласно. 3. Црпи, пумпа, влече, трга. Работниците ја шмркаа водата од јамата. Тие со моторни пумпи ја шмркаа нафтата. ‖ глаг. им. шмркање ср.