шмука

Глагол, несвршен

Значење на шмука:

1. Цица, внесува течност (како храна) со цицање. Девојчето бргу го шмукаше млекото. Лакомо шмука сок со цевче.

2. Држи нешто во устата и го цица. Бебето го шмукаше палецот.

3. Полека влажни, растопува нешто (бонбона и сл.) со јазикот во устата пред да го голтне. Тој постојано шмука камени бонбони. Старата шмукаше коцка шеќер.

4. Вцицува, впива или чисти со апарат под вакуум. Таа ја шмукаше собата секој ден со правосмукалката. Водата со големи шмукалки ја шмукаа во цистерна. Овие нови машини бргу ја шмукаат правта.

Коњугација: шмукаат.

Изведени зборови:

  • шмукање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му ја шмука крвта – многу го мачи, измачува.

Оригинални податоци:

шмука, шмукаат несв. 1. Цица, внесува течност (како храна) со цицање. Девојчето бргу го шмукаше млекото. Лакомо шмука сок со цевче. 2. Држи нешто во устата и го цица. Бебето го шмукаше палецот. 3. Полека влажни, растопува нешто (бонбона и сл.) со јазикот во устата пред да го голтне. Тој постојано шмука камени бонбони. Старата шмукаше коцка шеќер. 4. Вцицува, впива или чисти со апарат под вакуум. Таа ја шмукаше собата секој ден со правосмукалката. Водата со големи шмукалки ја шмукаа во цистерна. Овие нови машини бргу ја шмукаат правта. ◊ Му ја шмука крвта – многу го мачи, измачува. ‖ глаг. им. шмукање ср.