шнур
Значење на шнур:
1. Усукана, памучна или свилена врвка, гајтан што служи за усукување, поврзување, пристегнување на делови од облека и сл. Елекот имаше црвени, свилени шнурови преку кои беа протнати златни копчиња.
2. Вид двојно изолиран електричен гајтан преку кој се пренесува електричната енергија до апаратите, обично за пегла. Двојно изолиран шнур.
Множина: шнурови.
Оригинални податоци:
шнур, мн. шнурови м. 1. Усукана, памучна или свилена врвка, гајтан што служи за усукување, поврзување, пристегнување на делови од облека и сл. Елекот имаше црвени, свилени шнурови преку кои беа протнати златни копчиња. 2. Вид двојно изолиран електричен гајтан преку кој се пренесува електричната енергија до апаратите, обично за пегла. Двојно изолиран шнур.