шокира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на шокира:

Изненади, изненадува, зачуди, зачудува, предизвика, предизвикува шок. Таа ги шокира со своето облекување. Тој ги шокира со ненадејното доаѓање.

Коњугација: шокираат , шокирајќи.

Изведени зборови:

  • се ~ шокира, 1. (мед.) Доживее шок. Таа се шокира од високиот притисок и заврши во болница. 2. Се зачуди, се изненади. Тие се шокираа од нејзиното однесување.
  • шокирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

шокира, шокираат; шокирајќи св. и несв. Изненади, изненадува, зачуди, зачудува, предизвика, предизвикува шок. Таа ги шокира со своето облекување. Тој ги шокира со ненадејното доаѓање. ● се ~ 1. (мед.) Доживее шок. Таа се шокира од високиот притисок и заврши во болница. 2. Се зачуди, се изненади. Тие се шокираа од нејзиното однесување. ‖ глаг. им. шокирање ср.