шпарта

Глагол, несвршен

Значење на шпарта:

1. Повлекува прави линии на некоја површина, обично на хартија. Тој го шпарташе листот со црвено пенкало.

2. (прен.) Скита, талка, оди, се движи ваму-таму. Таа шпарташе по продавниците за чевли. Тој шпарташе по сокаците.

Коњугација: шпартаат.

Изведени зборови:

  • шпартање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

шпарта, шпартаат несв. 1. Повлекува прави линии на некоја површина, обично на хартија. Тој го шпарташе листот со црвено пенкало. 2. (прен.) Скита, талка, оди, се движи ваму-таму. Таа шпарташе по продавниците за чевли. Тој шпарташе по сокаците. ‖ глаг. им. шпартање ср.