шприца

Глагол, несвршен

Значење на шприца:

1. Прска, се распрснува во капки на сите страни. Водата шприцаше од пукнатата цевка. Од раката шприцаше крв.

2. Прска, распрскува мирис, парфем и сл. Постојано шприца парфеми.

3. Внесе, впрска течност во телото (под кожата, во мускулите и сл.). На секои 8 часа му шприцаат од лекот.

Коњугација: шприцаат.

Изведени зборови:

  • шприцање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

шприца, шприцаат несв. 1. Прска, се распрснува во капки на сите страни. Водата шприцаше од пукнатата цевка. Од раката шприцаше крв. 2. Прска, распрскува мирис, парфем и сл. Постојано шприца парфеми. 3. Внесе, впрска течност во телото (под кожата, во мускулите и сл.). На секои 8 часа му шприцаат од лекот. ‖ глаг. им. шприцање ср.