штаб

Именка, машки род

Значење на штаб:

1. (воен.) Управен орган, помошно тело на командант на крупна воена единица (полк, бригада, дивизија, армија). Генерален штаб. Бригаден штаб. Штаб на армијата. Штаб на првата оперативна зона.

2. Раководно тело на нешто (партија, организација, акција и сл.) при посебни ситуации. Тие формираа служби, органи и штабови. Штабови за врска.

3. Место, зграда, простор, каде што се примаат и се даваат податоци за дејност на трупи и сл. Влезе во штабот и го предаде извештајот.

Множина: штабови.

Изведени зборови:

  • штапски, прид. штапскиот Штапски курир. Штапски наредби. Штапски униформи.

Оригинални податоци:

штаб, мн. штабови м. 1. (воен.) Управен орган, помошно тело на командант на крупна воена единица (полк, бригада, дивизија, армија). Генерален штаб. Бригаден штаб. Штаб на армијата. Штаб на првата оперативна зона. 2. Раководно тело на нешто (партија, организација, акција и сл.) при посебни ситуации. Тие формираа служби, органи и штабови. Штабови за врска. 3. Место, зграда, простор, каде што се примаат и се даваат податоци за дејност на трупи и сл. Влезе во штабот и го предаде извештајот. ‖ штапски, штапскиот прид. Штапски курир. Штапски наредби. Штапски униформи.