штафета
Значење на штафета:
1. (спорт.) Палка или некој друг предмет што се предава од еден на друг во групно натпреварување. Штафетата му испадна од рацете на вториот атлетичар. Тој црвсто ја држеше штафетата.
2. (спорт.) Дисциплина во некои спортови (атлетика, пливање и др.), групно натпреварување каде се поминува определено растојание на смени. Штафета 4х100 метри мешано пливање. Штафета 4х400 метри за жени.
3. (истор.) Порака, глас што се пренесувал усно од човек на човек за да стигне до определената цел.
Множина: штафети.
Фразеолошки израз / поговорка:
Штафета на младоста – идеолошка штафета во поранешната СФРЈ која ја носеше младината низ целата земја.
Оригинални податоци:
штафета, мн. штафети ж. 1. (спорт.) Палка или некој друг предмет што се предава од еден на друг во групно натпреварување. Штафетата му испадна од рацете на вториот атлетичар. Тој црвсто ја држеше штафетата. 2. (спорт.) Дисциплина во некои спортови (атлетика, пливање и др.), групно натпреварување каде се поминува определено растојание на смени. Штафета 4х100 метри мешано пливање. Штафета 4х400 метри за жени. 3. (истор.) Порака, глас што се пренесувал усно од човек на човек за да стигне до определената цел. ◊ Штафета на младоста – идеолошка штафета во поранешната СФРЈ која ја носеше младината низ целата земја.