штеди
Значење на штеди:
1. Чува нешто (платежни средства, пари, материјал и др.), не троши, остава настрана. Тој цела зима ги штеди дрвата. Таа го штеди слаткото за гости. Тие штедат од пензијата за тешки времиња. Домаќинката го штеди маслото.
2. Остава пари во некоја институција (банка, штедилница и сл.). Тие штеделе пари во банка. Таа штеди во странски банки.
3. Троши во помала мера од вообичаеното. Оваа машина штеди на струја и на вода. Новите бојлери штедат на струја.
4. (прен.) Внимава, обѕирен е кон некого или кон нешто; води грижа за други, заштитувајќи ги. Тој ја штеди сопругата од потешките работи низ куќата. Тој го шдети коњот од прекумерен товар. Таа не ги штеди децата од домашни обврски.
5. (прен.) Води грижа за сопственото здравје. Таа го штеди своето здравје. Тој ги штеди очите од прекумерно читање.
Коњугација: штедат.
Изведени зборови:
- се ~ штеди, Води грижа за себе, за сопственото здравје, се чува себеси. Тој се штеди и не работи многу. Никој не се штеди кога е во прашање оваа работа.
- штедење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
штеди, штедат несв. 1. Чува нешто (платежни средства, пари, материјал и др.), не троши, остава настрана. Тој цела зима ги штеди дрвата. Таа го штеди слаткото за гости. Тие штедат од пензијата за тешки времиња. Домаќинката го штеди маслото. 2. Остава пари во некоја институција (банка, штедилница и сл.). Тие штеделе пари во банка. Таа штеди во странски банки. 3. Троши во помала мера од вообичаеното. Оваа машина штеди на струја и на вода. Новите бојлери штедат на струја. 4. (прен.) Внимава, обѕирен е кон некого или кон нешто; води грижа за други, заштитувајќи ги. Тој ја штеди сопругата од потешките работи низ куќата. Тој го шдети коњот од прекумерен товар. Таа не ги штеди децата од домашни обврски. 5. (прен.) Води грижа за сопственото здравје. Таа го штеди своето здравје. Тој ги штеди очите од прекумерно читање. ● се ~ Води грижа за себе, за сопственото здравје, се чува себеси. Тој се штеди и не работи многу. Никој не се штеди кога е во прашање оваа работа. ‖ глаг. им. штедење ср.