штица

Именка, женски род

Значење на штица:

1. Парче добро обработено дрво, плоскато и со определена правоаголна форма. Под од убаво изработени тенки штици. Прозорците беа обрабени со лакирани штици. Одеше по штицата и се тетеравеше. Штиците крцкаа под неа. Дабова штица.

2. Дел од приборот во кујната. а) Дрвена што служи за сечкање при готвењето. Убава, дрвена штица за сечење кромид. б) Плоската, дрвена што служи за месење тесто или за сукање. Питата ја сукаше на старата дрвена штица. в) Служи за сервирање на приготвената храна. Порачавме две штици скара. Сирењето го сервираа на убава штица.

3. Дел од прибор во домаќинството што се користи за пеглање. Убава голема штица на која ги пегла завесите. Штица за пеглање што се расклопува.

4. (спорт.) Справа со која се врши отскокнување во гимнастиката за да се дојде до главната справа (греда, вратило, коњ и сл.) на која се одвива вежбата. Таа направи добар отскок од штицата. Отскокна од штицата и застана на високата греда.

Множина: штици.

Изведени зборови:

  • штиче, и. ср. мн. штичиња , штиченце (само едн.), штичуле, мн. штичулиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му фали некоја штица – не е нормален, не се однесува како што треба. Гази на гнила штица – верува во лажни и несигурни работи, вложува во нешто лажно. Отскочна штица – почетна позиција по која следувал успех помогнат од некоја личност што се поставила како поткрепа. Како штица е – премногу слаб, нема добра физичка градба. Израснат на штиците што живот значат – израсна, се занимава со тетарска уметност од најмала возраст. Во туѓо око раска, во мое око штица – сопствената мака е секогаш поголема од туѓата.

Оригинални податоци:

штица, мн. штици ж. 1. Парче добро обработено дрво, плоскато и со определена правоаголна форма. Под од убаво изработени тенки штици. Прозорците беа обрабени со лакирани штици. Одеше по штицата и се тетеравеше. Штиците крцкаа под неа. Дабова штица. 2. Дел од приборот во кујната. а) Дрвена што служи за сечкање при готвењето. Убава, дрвена штица за сечење кромид. б) Плоската, дрвена што служи за месење тесто или за сукање. Питата ја сукаше на старата дрвена штица. в) Служи за сервирање на приготвената храна. Порачавме две штици скара. Сирењето го сервираа на убава штица. 3. Дел од прибор во домаќинството што се користи за пеглање. Убава голема штица на која ги пегла завесите. Штица за пеглање што се расклопува. 4. (спорт.) Справа со која се врши отскокнување во гимнастиката за да се дојде до главната справа (греда, вратило, коњ и сл.) на која се одвива вежбата. Таа направи добар отскок од штицата. Отскокна од штицата и застана на високата греда. ◊ Му фали некоја штица – не е нормален, не се однесува како што треба. Гази на гнила штица – верува во лажни и несигурни работи, вложува во нешто лажно. Отскочна штица – почетна позиција по која следувал успех помогнат од некоја личност што се поставила како поткрепа. Како штица е – премногу слаб, нема добра физичка градба. Израснат на штиците што живот значат – израсна, се занимава со тетарска уметност од најмала возраст. Во туѓо око раска, во мое око штица – сопствената мака е секогаш поголема од туѓата. ‖ штиче, мн. штичиња ср., штиченце (само едн.), штичуле, мн. штичулиња ср. дем.