штит
Значење на штит:
1. Дел од оружје што служи за заштита. Златен штит. Убав штит со гравура на лав.
2. Предмет што се користи за заштита при работа. Леарите користат огноотпорни штитови. Полицајци со проѕирни штитови и со електрични пендреци.
3. (анат.) Дел од главата над усниот отвор или на вратот кај некои животни (инсекти и др.). Ова животно има три бели надолжни црти на вратниот штит.
4. Ново, софистицирано оружје што создава невидлив ѕид (невидлива ограда) во просторот и не дозволува да се премине во заштитениот простор. Во воздухот се создава магнетен штит. Просторијата е заштитена со електричен штит и со ласерски аларм.
5. (прен.) Заштита, ограда, пречка. Религијата се користи како политички штит. Меѓу нив има непробивен штит од молк. Тој изгради штит до небото за да го заборави нашето дружење.
Множина: штитови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Жив штит – употреба на децата, жените или на некои ранливи категории луѓе за да се остварат затскириени цели.
Оригинални податоци:
штит, мн. штитови м. 1. Дел од оружје што служи за заштита. Златен штит. Убав штит со гравура на лав. 2. Предмет што се користи за заштита при работа. Леарите користат огноотпорни штитови. Полицајци со проѕирни штитови и со електрични пендреци. 3. (анат.) Дел од главата над усниот отвор или на вратот кај некои животни (инсекти и др.). Ова животно има три бели надолжни црти на вратниот штит. 3. Ново, софистицирано оружје што создава невидлив ѕид (невидлива ограда) во просторот и не дозволува да се премине во заштитениот простор. Во воздухот се создава магнетен штит. Просторијата е заштитена со електричен штит и со ласерски аларм. 4. (прен.) Заштита, ограда, пречка. Религијата се користи како политички штит. Меѓу нив има непробивен штит од молк. Тој изгради штит до небото за да го заборави нашето дружење. ◊ Жив штит – употреба на децата, жените или на некои ранливи категории луѓе за да се остварат затскириени цели.