штити
Значење на штити:
1. Прави заштита, чува, брани од нешто. Нафталинот ја штити облеката од молци. Таа го штитеше лицето од студот со волнен шал. Тој ги штитеше очите со темни очила.
2. Дава некому поткрепа, заштитува, чува, брани, обезбедува; не дозволува некому да му се случи нешто. Таа постојано го штити него. Војската го штитеше неговото семејство. Озонската обвивка ги штити растенијата од прекумерно зрачење. Не знам кој го штити него.
Коњугација: штитат.
Изведени зборови:
- се ~ штити, Се заштитува, се чува, се брани од нешто. Таа се штити од болест со витамини и со чаеви. Тој се штити од озборувања со молчење. Тој се штити од сонцето со масло за сончање.
- штитење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
штити, штитат несв. 1. Прави заштита, чува, брани од нешто. Нафталинот ја штити облеката од молци. Таа го штитеше лицето од студот со волнен шал. Тој ги штитеше очите со темни очила. 2. Дава некому поткрепа, заштитува, чува, брани, обезбедува; не дозволува некому да му се случи нешто. Таа постојано го штити него. Војската го штитеше неговото семејство. Озонската обвивка ги штити растенијата од прекумерно зрачење. Не знам кој го штити него. ● се ~ Се заштитува, се чува, се брани од нешто. Таа се штити од болест со витамини и со чаеви. Тој се штити од озборувања со молчење. Тој се штити од сонцето со масло за сончање. ‖ глаг. им. штитење ср.