што 1

Заменка

Значење на што:

1. Именска заменка. а) Во директни прашања самостојно или во индиректно прашање. Што? Што сака? Што работиш? Што јадеше? Со што се занимаваш? б) Во директни и индиректни прашања за лица или за предмети за изразување чудење, восхит, незадоволство, неверување и сл.; каков. Што човек е тој? Што работа е ова? Што жена беше? в) Во зависни исказни реченици. Треба да видиме што ќе правиме понатаму. Тој не знае што сака и што треба да направи. г) Во зависни односни реченици кога се упатува кон еден збор. Тој што дојде денеска е најстариот наш син. Работата што ја завршивме многу ќе ни помогне. Тие што сакаат да работат, нека се пријават.

2. Во составот на релативната именска и придавска заменка кој: којшто, којашто, коешто, коишто; кој. Има поширока употреба која се јавува особено во вметнати реченици и како текстуални поврзувачи кога се однесува на некого, на лица и на предмети. Тој се надеваше дека таа којашто ја сака еден ден ќе се најде во неговиот живот. Работеше предмети од дрво и од стакло, ги боеше во различни бои коишто ги купуваше во центарот на градот.

3. Во составот на релативната именска и придавска заменка чиј: чијшто, чијашто, чиешто, чиишто; чиј. Што се однесува на некого, што му припаѓа некому. Се облекуваше во дебели зимни алишта од постарата сестра, мажена во градот во богато семејство, чиишто бои наликуваа на виножито.

4. Во составот на релативните заменски придавки каков и колкав. Купи му дрес каков што сака. Пееше песни какви што сака.

5. Неопределена именска заменка за посочување нешто неопределено: што и да е, што било, сеедно што; што-годе.

Оригинални податоци:

што1 зам. 1. Именска заменка. а) Во директни прашања самостојно или во индиректно прашање. Што? Што сака? Што работиш? Што јадеше? Со што се занимаваш? б) Во директни и индиректни прашања за лица или за предмети за изразување чудење, восхит, незадоволство, неверување и сл.; сп. каков. Што човек е тој? Што работа е ова? Што жена беше? в) Во зависни исказни реченици. Треба да видиме што ќе правиме понатаму. Тој не знае што сака и што треба да направи. г) Во зависни односни реченици кога се упатува кон еден збор. Тој што дојде денеска е најстариот наш син. Работата што ја завршивме многу ќе ни помогне. Тие што сакаат да работат, нека се пријават. 2. Во составот на релативната именска и придавска заменка кој: којшто, којашто, коешто, коишто; сп. кој. Има поширока употреба која се јавува особено во вметнати реченици и како текстуални поврзувачи кога се однесува на некого, на лица и на предмети. Тој се надеваше дека таа којашто ја сака еден ден ќе се најде во неговиот живот. Работеше предмети од дрво и од стакло, ги боеше во различни бои коишто ги купуваше во центарот на градот. 3. Во составот на релативната именска и придавска заменка чиј: чијшто, чијашто, чиешто, чиишто; сп. чиј. Што се однесува на некого, што му припаѓа некому. Се облекуваше во дебели зимни алишта од постарата сестра, мажена во градот во богато семејство, чиишто бои наликуваа на виножито. 4. Во составот на релативните заменски придавки каков и колкав. Купи му дрес каков што сака. Пееше песни какви што сака. 5. Неопределена именска заменка за посочување нешто неопределено: што и да е, што било, сеедно што; сп. што-годе.