што 3

Сврзник

Значење на што:

1. а) Во односни (релативни) реченици каде што се јавува релативно надоврзување. Ние нема да соработуваме со вас под услови што ни ги диктирате вие. Ние сме едно семејство што се собира во недела на ручек. б) Во односни зависносложени реченици заедно со колку за да се изрази споредба врз основа на количество – колку што. Јадевме онолку колку што можевме.

2. Во исказни (декларативни) зависносложени реченици. Најстрашно беше што кметовата жена сѐ уште ја немаше.

3. а) Во причински зависносложени реченици или во дел-реченици каде што се јавува таков сооднос; дека, затоа што, бидејќи. Прости ми што не ти донесов ништо. Многу се радувам што ќе дојдеш кај мене. Тој се радуваше што ја гледа. б) Во причински зависносложени реченици во сложени сврзувачки состави: заради тоа што, поради тоа што, затоа што. Тој внимаваше затоа што се плашеше од височини. Тој ја посети болната заради тоа што сакаше да се увери дека закрепнува. Дојде затоа што сакаше да ме види. Плачеше затоа што мислеше дека ја оставил.

4. Во последични зависносложени реченици. а) За изразување последица, заедно со така; така што. Таа не дојде со нас така што остана едно празно место во колата. б) За изразување последица, заедно со толку, толкав, таков, обично на дистанција одвоен со нешто. Толку многу ја болеше што врескаше од болките. Пијан беше толку многу што се тетеравеше.

5. а) Во временски зависносложени реченици заедно со само – само што. Само што седна, го повикаа. б) Во временски зависносложени реченици заедно со туку – штотуку, тукушто. Штотуку заспа, некој затропа на вратата. Не одете нигде тукушто се јавија сватовите дека ќе дојдат.

Оригинални податоци:

што3 сврз. 1. а) Во односни (релативни) реченици каде што се јавува релативно надоврзување. Ние нема да соработуваме со вас под услови што ни ги диктирате вие. Ние сме едно семејство што се собира во недела на ручек. б) Во односни зависносложени реченици заедно со колку за да се изрази споредба врз основа на количество – колку што. Јадевме онолку колку што можевме. 2. Во исказни (декларативни) зависносложени реченици. Најстрашно беше што кметовата жена сѐ уште ја немаше. 3. а) Во причински зависносложени реченици или во дел-реченици каде што се јавува таков сооднос; сп. дека, затоа што, бидејќи. Прости ми што не ти донесов ништо. Многу се радувам што ќе дојдеш кај мене. Тој се радуваше што ја гледа. б) Во причински зависносложени реченици во сложени сврзувачки состави: заради тоа што, поради тоа што, затоа што. Тој внимаваше затоа што се плашеше од височини. Тој ја посети болната заради тоа што сакаше да се увери дека закрепнува. Дојде затоа што сакаше да ме види. Плачеше затоа што мислеше дека ја оставил. 4. Во последични зависносложени реченици. а) За изразување последица, заедно со така; сп. така што. Таа не дојде со нас така што остана едно празно место во колата. б) За изразување последица, заедно со толку, толкав, таков, обично на дистанција одвоен со нешто. Толку многу ја болеше што врескаше од болките. Пијан беше толку многу што се тетеравеше. 5. а) Во временски зависносложени реченици заедно со само – само што. Само што седна, го повикаа. б) Во временски зависносложени реченици заедно со туку – штотуку, тукушто. Штотуку заспа, некој затропа на вратата. Не одете нигде тукушто се јавија сватовите дека ќе дојдат.