што 4
Значење на што:
1. а) На почетокот при искажување туѓо мислење. Што велат некои наши сограѓани – нема мир ако нема дисциплина. Што вели поговорката – селото гори, а баба се чешла. б) (нар. поез.) Без некое посебно значење на почетокот на стихот. Ред ми реди млада невеста / Што ми реди до младиот девер.
2. Како одѕив при повикување наместо молам. Блажевице! – Што!
3. Целосно, сите, заедно со до. До што беше човек дојде.
Оригинални податоци:
што4 чест. 1. а) На почетокот при искажување туѓо мислење. Што велат некои наши сограѓани – нема мир ако нема дисциплина. Што вели поговорката – селото гори, а баба се чешла. б) (нар. поез.) Без некое посебно значење на почетокот на стихот. Ред ми реди млада невеста / Што ми реди до младиот девер. 2. Како одѕив при повикување наместо молам. Блажевице! – Што! 3. Целосно, сите, заедно со до. До што беше човек дојде.