штом
Значење на штом:
1. Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица за да најави или да потврди дејство што следува временски во главната реченица; откако, само2 (само што), тукушто, штотуку, кога Штом влезе во просторијата, сите се расположија. Штом излезе ти, тој се појави. Штом ќе забележат слабост, веднаш напаѓаат. Штом го виде, веднаш затрепери.
2. Во условни зависносложени реченици за да се искаже посебен вид исполнет услов; ако. Штом не се јавува, не го барај повторно. Штом сакаш да настапиш, научи го текстот. Штом сонува риби, не е на добро.
3. Во причински зависносложени реченици; затоа што, бидејќи. Штом ме прашуваш, ќе ти кажам. Штом инсистираш, ќе дојдам.
Оригинални податоци:
штом сврз. 1. Во зависносложени временски (темпорални) реченици, во составот на зависната дел-реченица за да најави или да потврди дејство што следува временски во главната реченица; сп. откако, само2 (само што), тукушто, штотуку, кога 1. Штом влезе во просторијата, сите се расположија. Штом излезе ти, тој се појави. Штом ќе забележат слабост, веднаш напаѓаат. Штом го виде, веднаш затрепери. 2. Во условни зависносложени реченици за да се искаже посебен вид исполнет услов; сп. ако. Штом не се јавува, не го барај повторно. Штом сакаш да настапиш, научи го текстот. Штом сонува риби, не е на добро. 3. Во причински зависносложени реченици; сп. затоа што, бидејќи. Штом ме прашуваш, ќе ти кажам. Штом инсистираш, ќе дојдам.