штрајк

Именка, машки род

Значење на штрајк:

1. Организиран протест придружен со прекин на работата, одбивање да се извршуваат секојдневните професионални обврски во знак на протест против определени политички структури и социјални состојби. Тие организираа штрајкови низ целата држава. Штрајкот траеше 7 дена. Работнички штрајк. Студентски штрајк. Штрајк на просветните работници.

2. (прен.) Откажување на вршење некаква дејност за да се покаже револт. Нејзиниот штрајк многу тешко му падна. Овој штајк со молчење беше насочен само кон неа.

Множина: штрајкови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Генерален штрајк – целосен прекин на сите дејности во едно општество. Штрајк со глад – револт искажан со одбивање храна и вода.

Оригинални податоци:

штрајк, мн. штрајкови м. 1. Организиран протест придружен со прекин на работата, одбивање да се извршуваат секојдневните професионални обврски во знак на протест против определени политички структури и социјални состојби. Тие организираа штрајкови низ целата држава. Штрајкот траеше 7 дена. Работнички штрајк. Студентски штрајк. Штрајк на просветните работници. 2. (прен.) Откажување на вршење некаква дејност за да се покаже револт. Нејзиниот штрајк многу тешко му падна. Овој штајк со молчење беше насочен само кон неа. ◊ Генерален штрајк – целосен прекин на сите дејности во едно општество. Штрајк со глад – револт искажан со одбивање храна и вода.