штракне

Глагол, свршен

Значење на штракне:

1. Испушти остар, испрекинат звук. Тој штракаше со запалката и си поигруваше со огнот.

2. Произведе звук, плесне со рацете или со прстите. Таа штракна силно со рацете и им рече на девојчињата да ја напуштат собата. Тој ја крена раката и штракна со двата прста. Еднаш да штракне со прстите и сите ќе ги избрка.

Коњугација: (ќе) штракнеа , (ќе) штракнев , (ќе) штракнел, штракнаа , штракнав , штракнал , штракнат , штракнат , штракнете , штракни .

Изведени зборови:

  • се ~ штракне, (прен., разг.) Се помести со умот, побудале, прави ненормални работи. Таа се штракна, зборува само некои чудни работи.
  • (се) штракнува, глаг. несв. (се) штракнуваат
  • штракнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

штракне, штракнат; штракни, штракнете; штракнав, штракнаа; штракнал; штракнат; (ќе) штракнев, (ќе) штракнеа; (ќе) штракнел св. 1. Испушти остар, испрекинат звук. Тој штракаше со запалката и си поигруваше со огнот. 2. Произведе звук, плесне со рацете или со прстите. Таа штракна силно со рацете и им рече на девојчињата да ја напуштат собата. Тој ја крена раката и штракна со двата прста. Еднаш да штракне со прстите и сите ќе ги избрка. ● се ~ (прен., разг.) Се помести со умот, побудале, прави ненормални работи. Таа се штракна, зборува само некои чудни работи. ‖ (се) штракнува, (се) штракнуваат несв. ‖ глаг. им. штракнување ср.